речник контакт

Брачни сопружници завршиле во притвор откако дома кај нив бил пронајден хероин

Во домот на A.М.(39) и E.М.(36), била пронајдена тетратка со имиња на должници

Петар Печков

Велешката полиција соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во дом на двајца сопружници од Велес, пронашла дрога.

„На 3 ноември околу 08.45 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода A.М.(39 год ) и E.М.(36 год), двајцата од Велес. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд во Велес, биле пронајдени хероин и дигитална вага“- информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Лицата биле приведени во Полициската станица во Велес.

Основното јавно обвинителство Велес донело  наредба за спроведување истражна постапка против овие  две лица, А.М. и Е.М.  на возраст од 39 и 36 години, бидејќи постои основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,

„Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога. Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога – една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица“- соопштија од ОЈО Велес..

Бидејќи постела  опасност од повторување на кривичното дело, како и можност за бегство на осомничените, јавниот обвинител предложил да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифатил предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »