речник контакт

Булетус работи прекувремено

Надлежната пазарна инспекција потврди, дека кафеанта беше затворена во два наврати, од по 10 дена

Петар Печков

Од Државната пазарна инспекција ги потврдија инфорамциите, кои соседите на кафеанта Булетус ги кажуваа. Реакциите на жителите од нејзината околина беа дека таа работи после полноќ и дека од внатре се слуша гласна музика.

Таа во два наврати во октомври и ноември била  затворена, поради прекршување на работното време. Биле фатени како работат после 01 часот преку викенд, до кога е пропишаното роботното време. За тоа им биле изречени две казни од неработа по десет дена, кои биле и испочитувани, тврдат од ДПИ, наспроти  локланите кажувања дека кафеаната почнала да работи пред време.

Надлежните велат дека поради бројните поплаки на велешани овој објект е под засилена контрола и доколку било кој граѓанин констатира неправилност, било пушење, било работа по работното време, тоа да го напише на веб странтицата на ДПИ, без детали за имињето и презимето и инсепкциите веднаш ќе излегле на терен.

А еве ја и веб страницата каде можат да се остават реакциите на граѓаните на Велес за работата не само на овој објект, туку и на се друго што е во надлежност на оваа инспекција.

www.dpi.gov.mk

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »