речник контакт

Ванов дел од Светскиот шампионат во ендуро

Тој со двајца колеги од Мото клубот Велес дел до тимот за поддршка на Јамаха

Петар Печков

Велешанецот Сашко Ванов заедно со двајца членови од мото клубот Велес присуствуваше на две трки ос Светскиот шампионат во Ендруо, во Романија и Грција.  Тројца членови на Мото клубот Велес дел од  тимот за поддршка на „INA TV YAMAHA FRANCE“  на трка од Светскиот шампионат.  Сашко Ванов заедно со скопјаните Љупчо Ничевски и Горан Тасиќ беа дел од на бекап тимот на трката во  Романија  од   Светскиот шампионат во Ендуро (WEC Maxxis FIM World Enduro Championship).  Тасиќ присуствуваше и на трката во Шпанија и Португалија, додека велешанецот Ванов на трката во Грција.

Ова присуства на трките од Светскиот шампионат во еднуро беше убаво искуство. Да се види како работи професионален тим, како возат најквалитетните возачи. Се  договоривме до година наш возач да биде дел од тимот во редовите на домаќините. Учеството на нашите членови на трки во Шпанија, Португалија, Романија, Грција како и на последната која треба да се вози во септември во Франција ќе придонесат за искуството на натпреварувачите како на домашен така и на меѓународен план – вели Ванов. 

Мото Велес е државен првак во клупска конкуренција во Ендуро трките, во кои од вкупно четири класи има три шампиони. Ванов Драган е најдобар во класата Е1, Горан Тасиќ во Е3, а Виктор Ефремов во Т1.

За тимот на „INA TV YAMAHA FRANCE“ во моментов настапуваат Nicolas Deparrois (#6) кој е меѓу првите 5 натпреварувачи во светски рамки, како и Marc Bourgeois (#9), Nicolo Bruschi (#51) и Luis Oliveira. За нивниот тим настапува и Juliette Berrez (#7) која е на третата позиција во женска конкуренција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »