речник контакт

Велес и Моршанск пред збратимување

Двајцата градоначалници потпишаа писмо со намери

Петар Печков

И  Велес и рускиот Моршанск имаат многу сличности, па разбирливо е што доаѓа до нивно збратимување. Почетокот беше со потпишување на документот писмото за намери. 

Актот што денес го потпишавме е само писмо за разбирање, прв чекор што ја потврдува нашата добра волја да ги отвориме вратите за соработката и да градиме меѓусебна доверба врз темелот на едно трајно пријателство – изјави Горан Петров градоначалникот на Велес. Соработката помеѓу овие два града доаѓа по иницијатива на деканот на Славјанскиот универзитет од Свети Николе и Друштвото на македонско - руското пријателство Димитрија Чуповски .

И двата града ги поврзува тоа што во минатото  биле трговски центри, имаат идентичен број жители околу 45 илјади, и двата града имаат цркви со идентично има Св. Богородица,  и Велс и Моршанска биле образовни центри за регионот. Пријателството меѓу македонскиот и рускиот народ, како словенски,  имаат историска традиција. Големите македонски дејци од Велес, кои се темел на културната историја на Македонија. Рајко Жинзифов, браќата Петковиќ Андреја и Константин, своето образование го стекнале во Русија, на тамошните школи. Браќата потоа биле со години руски конзули во Риека и Дубровник.

Задоволство ми е што можам по големиот словенски празник Св. Кирил и Методиј, да го потпишеме документот за зближување на нашите два града. Вчера дури и претседателот Путин   го честиташе овој празник на сите словенски народи. Има многу место за зближување , културна, фолклорна, економска така што ќе можеме да најдеме заеднички точки на соработка – рече градоначалникот на Моршанск Генадиј Калинин

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »