речник контакт

Велес претставен пред дипломатите во Виена

На овој начин Македонската Амбасада во Австрија го започна културното патување низ градовите во Македонија

Петар Печков

Во Изложбениот салон на Амбасадата на Република Македонија во Виена се одржа првиот од планираниот циклус настани во рамките на „Културното патување низ градовите во Македонија“, на кој беше претставен градот Велес.

Како што соопштија од Амбасадата, бил прикажан документарен филм за Велес. Настапил и градскиот црковен хор „Св.Пантелејмон“, со повеќе македонски староградски и црковни песни.

Игор Крајчев, поет од Велес, читал поезија од Кочо Рацин, како и свои поетски творби, со препев на англиски јазик.

Биле присутни претставници од дипломатскиот кор во Виена, на православните цркви во Виена, како и други пријатели на Македонија и претставници на македонската заедница во Виена

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »