речник контакт

Велес ќе добие природен гас за две години

Гасификацијата на градот треба да започне од есента 2020-та година.Коцевски најави формирање на ЈП Велес гас

Петар Печков

Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција најави дека ќе започнат со постапката за формирање на ЈП Велес гас, чија цел ќе биде гасификација и снабдување  на градот со природен гас, како енергенс.  За ова веќе добил  поддршка од локалните бизнисмени, кој  биле информирани заради нивните идни инвестициони зафати и постојните  тополоводни системи, да   ги прилагодат на идната состојба. 

Велес е влезен во програмата на Владата   како прироритет за гасификација од 2018-та.  Годинава ќе се водат процесите за експропријација и изготвување на изведбана техничка документација. Се очекува за две години  гасот да стигне до Велес. Не сакаме да го губиме овој период неподготвени, туку да го искористиме за сите  неопходни активности, во моментот кога ќе стигне гасот, веднаш да започнеме со приклучување - најави Коцевски.

Прво ќе била приклучувана иднустријата, па јавните објекти - училишта, градинки, судот, зградата на Општина,Болница, Здравствен дом, па колективните згради и индивидуалните  семејни домаќинства. На следната седница  на Советот на Општина Велес, градоначалникот Коцевски ќе побара формирање на ова ЈП.     

ЈП Велес гас ќе го води процесот на гасификација. Така ќе има огромни придобивки, голема заштеда на финансиски средства, затоа што гасот е убедливо најефтин од другите енергенси. Бенефит ќе има и  за заштитата на животната средина.  Постапката  започнува со изработка  на физибилити студија, со анализа на потршувачите на гас во Велес, потоа добивање на лиценца за дистрибуција, подготвка на изведбени проекти за секундарната и терцијарната мрежа, да ги изградиме нив и да започнеме со  процес на приклучување. Целиот овој процес планираме да трае две години, во кој период Владата  гасот до Штип  преку Свети Николе да го доведе во Велес, во должина од 28 км - објасни Коцевски.   

Вицепремеирот за економски прашања, велешанецот Кочо Анѓушев уште во септември најави дека градот  ќе добие природен гас.

Иако во првичниот проект не беше предвидено, со моја  интервенција усепавме да го внесме тоа, Велес ќе добие крак од гасоводната мрежа. Не затоа што сум велешанец, туку Велес го заслужува тоа. Има индустрија а преку ефтиниот гас, ќе имате конкурентни производи на   пазарот  - им кажа Анѓушев тогаш на велешките бизнисмени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »