речник контакт

Велешанец бегал со мопед пред полиција и се обидел да удрил еден од нив

Кај лицето и во моторот била пронајдена дрога

Петар Печков

Вчера, понеделник на пладне, при обид да биде застанат, моторист решил да бега и се обидел да удри полицаец. СВР Велес со детали за настанот.
 
„На 6 септември, среда, во 13.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27 год) од Велес. При преглед кај него и на мопедот кој го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана. Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес,  тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник“ - информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »