речник контакт

Велешанец во бавча пронајден тешко повреден

Повредениот е во животно загрозувачка опасност и кај него има прободни рани од нож. Полицијата ќе истражува што се случило

Петар Печков

Велешанец е пронајден  во бесознание и во животна опасност, а полицијата истражува што се случило во вторникот вечерта.   Маж на 65  годишна возраст бил пронајден од неговата фамилија, откако  не се вратил навреме, од викендичката, каде го  минел слободното време. Поради ова тие организирале претрага на теренот, по што бил пронајден спроти Крзнарата, на еден километар од влезот во Велес, во месноста Пресвета.  

На еден километар по завршување на улицата Коле Цветков, пронајден е 65- годишен жител на Велес кој бил во безсознание, со видливи повреди во пределот на главата и телото. Екипа на Итната медицинска помош, го пренело во Медицински центар Велес - изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.  

Лицето, чиј идентитет не се објавува според соседите од викендичката, околу 17,20ч. си заминал, качувајќи се на мотор. Што потоа се случило тие не знаат, освен дека  утрото биле посетени од полициски инспектори, кои се распрашувале за комшијата.  Месноста Пресвета каде е пронајдено телото на повредениот е вакавско место, полно со бавчи, каде се одгледува зеленчук и крави.  Повредениот бил преземен од  дежурната екипа на Велешка Болница и веднаш препратен во Ургентен во Скопје.   

Лицето беше во животно загрозувачка состојба, со видливи повреди на главата но и убодни рани од нож  во стомакот. Веднаш е префрлен во Скопје - информираше д-р Петре Кодовски портпарол на велшката болница.  Истрагата која се  врши полицијата треба да даде одговор дали станува збор за убиство во обид и кој го нападнал повредениот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »