речник контакт

Велешанец пронајден повреден и крвав, се бори за живот

Полицијата го истражува случајот

Петар Печков

 Ноќта во петокот кон саботата било  пронајдено повредено машко лице, за кој настан полицијата истражува што се  случило. Во полицискиот билтен за  ова  е запишано: 

На 24.01.2015 година околу 3  часот во СВР-Велес од страна на Итната Медицинска Помош  е пријавено дека истите добиле повик од анонимен граѓанин, кој пријавил дека на ул.„Лазе Осмаков“, поточно на влезот од гаражите лежело повредено лице.

Од страна на доктор е  излезено е на лице место, каде што бил пронајден Т.Д.(1965) од Велес. Тој   имал повреди во пределот на главата и градниот кош и бил облеан со крв по телото.

Т.Д. во неконтактибилна состојба е пренесен во велешката болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Кличнички Центар Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »