речник контакт

Велешанец учесник во сообраќајка кај Македонска Каменица

Возачот од другото возило тешко повреден

Петар Печков

Велешанец учесник во сообраќајка, во  која лице од Делчево е тешко  повредено во сообраќајна несреќа што се случила денес петок,  после полноќ, во 2,40 ч. на магистралниот пат А3 Делчево – Македонска  Каменица кај место викано Каменички рид. 

„На магистарален пат А-3, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево во Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.С.(42) од Велес и патничко возило „нисан“, со цол таблички, управувано од Д.С.(35) од село Звегор, делчевско.“ – соопштија од МВР во дневниот билтен. 

По незгодата Д.С. бил  пренесен во Клинички центар Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Портпаролката на Клинички центар Штип, Марина Шуманска кажа  дека повредено лице  се наоѓа во шок соба.  Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »