речник контакт

Велешанецот, поштарот Трајче Михов четврти на Балканот во брзо одење

Се натпреваруваа стотина учесници, од десетина земји, на патека долга 10 км

Петар Печков

Генци Лујџи од Албанија е најбрзиот поштар на Балканот годинава. Македонецот, Трајче Михов беше четврт на 40. Балканско првенство во брзо одење на поштенските работници што денеска се одржа во Охрид.

Во оваа професија сум 11 години исто и се натпреварувам  откако сум вработен во пошта. Како поштар - разнесувач ми помага во работата затоа што тренираме доста, вели Трајче Михов вработен во Македонски пошти - Велес.

Во женска категорија најбрза беше Романката Андреа Арсине,  а од македонките најдобар пласман имаше битолчанката Тања Велјановска, која  го зеде четвртото место.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »