речник контакт

Велешанка се степала со гостиварка, полицијата ги привела

М.С. (26 год) од Велес имала привремен престој во Гостивар

Петар Печков


МВР Информираше за настан кој се случил ноќеска во Гостивар, кога се степале две девојки, од Велес и Гостивар.

„На 14-ти јануари  година околу 03.10 часот полициски службеници од СВР Тетово ги привеле 31-годишната Д.Ј. од Гостивар и М.С. (26) од Велес, со привремен престој во Гостивар, бидејќи на ул.„Илинденска“ во Гостивар, во непосредна близина на трговски центар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“- соопштија од СВР Тетово.

Притоа гостиварката Д.Ј. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По комплетно документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »