Петар Печков
Објавено: четврток, 06 март 2025
Средата на пладне на пешачки, автомобил управуван од велешанка, пред црквата Св. Кирил и Методиј, удрила дете кое одело на училиште и побегнала. Полицијата ја пронашла.
„На 05.03.2025 во 13.30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес. Имено, во 06.55 часот на обележан пешачки премин на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, со патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Велес.
„Примен е пациент дете околу 8ч. трауматолог извршил преглед, рентген снимки,нема скршеници, нема потешки повреди и е пуштен на домашно лекување“ - кажа д-р Биљана Босилкова, портпарол на Општа болница Велес.
Tweet |