речник контакт

Велешка Болница доби амбулантно возило, донација од компанијата „Еколог“ од Тетово (фото)

Возилото е опремено со комплетна санитетска опрема

Петар Печков

Едно од десетте амбуланти возила, кои ги донираше компанијата „Еколог“ од Тетово на Министерството за здравство, заврши во Општа Болница Велес.

Возилата  кои се опремени со комплетна санитетска опрема, беа донирани за јавните здравствени институции од земјава.  

„Оваа донација има за цел да го зајакне болничкиот капацитет и да го зголеми квалитетот на услугите во секторот за итни случаи, особено сега кога сме во период на пандемија, кога потребите на населението за итна медицинска помош значително се зголемија. Веруваме дека оваа донација ќе биде придонес за зајакнување на капацитетот на болниците, како и помош на здравствените работници во нивната битка против ковид-19“- изјави Сеид Јусуфи, претставник на компанијата Еколог. “ Комапнијата „Еколог“ се бави со чистење, хигиена, дезинфекција, дезинсекција и дератизација на простори, простории и објекти.


Од велешка Болница изразија задоволство и благодарност за донацијата, бидејќи   со навремена интервенција се  спасува нечиј живот.

„Донацијата ќе биде од огромна корист за нашата здравствена установа и медицинскиот персонал и директно ќе помогне во спасување на највредното - човечкиот живот“ - кажа директорот д-р Божидар Бојаџиев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »