речник контакт

Велешките адвокати поднесоа кривична за надриписарство против непознат нотар

Со кривичната се осомничени и две лица продавач и сопственик на киоск во градот, кои продавале документи кои не се изработени од адвокат

Петар Печков

Велешките адвокати поднесоа кривична пријава за надриписарство, против непознат нотар од градот. Со кривичната се осомничени и две лица, продавач и сопственик на киоск во градот, кои продавале документи кои  не се изработени од адвокат.  

Имено на први септември, купувач од киоскот побарал и добил договор за купопродажба на автомобил, иако киоскот не бил регистриран за таква дејност.   Во тој момент како купувач бил присутен и  адвокат, кој побарал ист таков документ а откако  го добил, побарал фискална по што  му било објаснето дека не издаваат.  

На прашањето од каде е  документот за купопродажба, добил одговор од продавачот, дека документот е валиден  и  го работат во соработка со нотар од градот, кој не бил именуван.  Според подносителот на кривичната пријава, продавачот и сопственикот на киоскот дале стручна  правна  помош, без за тоа да имаат регистрирана дејност, а не се адвокати,  при што биле поттикнати со умисла од НН нотар од Велес.

Поради ова  до велешкото обвинителство е поднесена кривична пријава за три лица за надриписарство.   Зад неа се потпишани 46 велешки адвокати, кои бараат да се открие нотарот кој ја реализирал оваа  за нив нелегална зделка,  и колку вакви договори се склучени во градот, со што граѓаните ,,се оштетени од нестручна и несоодветна правна  помош,, пишува во кривичната пријава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »