речник контакт

Велешките медиуми збирно на фудбалскиот турнир во Скопје

Се натпреваруваа под мотото, важно е да се учестува. Два настапи два порази

Петар Печков

Во организација на   Спортското радио 903 од Скопје деновиве таму се одржа фудбалски турнир на медиумите од земјава. Меѓу учесниците, Сител, МПМ. Нова Македонија, Алсат, МИА, Македонско радио, Алфа,  се најде и заедничка екипа на медиумите од градот под име РТВ Велес.

Во двата натпревари Тевчев, Саздов, Ристев, Митров, Николов, Темов, Јорданов забележаа два порази. Првиот убедлив со 5:0 од екипата на   МРТ а во вториот минимален од 2:1 од МПМ.

Настапувајќи под слоганот, важно е да се учествува велешани се најдоа последни во групата. Сепак честитки за истрчаното и вложениот труд.   Победник е екипата ан Алсат  ТВ која во финалето ја совладала екипата на Нова Македонија со 3:1.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »