речник контакт

Велигденско јајце

Повеќе од илјада вапсани јајца во пресрет на Велигден

Петар Печков

Повеќе од илјада вапсани јајца беа изложени во центарот на Велес. Тие се изработени од децата во градот,  и истите беа понудени на продажба а собраните средства се наменети за самите училишта. На овој начин се одбележува претстојниот Велигден.

Со ова до израз дојде креативноста на учениците и наставниците. Имаме доста креативни ученици со интересни изработки кои преку оваа манифестација  ги учат  обичаите но и се вклучија во  прослава на големиот христијански празник Велигден – рече Марија  Настова од локалната самоуправа на Велес.

Организатор на осмата манифестација Велигденско јајце  беше Општина Велес, зедно со среднтеи и соновнтеи училиштата од градот како  и Детската  градинка. Учество земаа и подмладокот на Црвениот Крст и Здружението на деца заболени од церебрална парализа. На манифестацијата учествуваа и училишта  каде учат деца од муслиманска вероисповед, но и тие имаа подготвено вапсани јајца.

Децата задоволни од манифестацијата  оти  преку исцртување на јајцата се дружат и се запознаваат со обичаите  на големиот христијански празник Велигден. На еден од штандовите имаше и јајца кои беа Полска а ги испратило Станислав Сташица во Новогард. збратименото училиште  на Коле Неделковски од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »