речник контакт

Ветерот дуваше со 55 км на час и корнеше дрвја ноќеска низ Велес

Нема повредени и сериозна материјална штета, но велешани со страв минеа по улиците

Петар Печков

Силен северен  ветер синоќа дувна низ Велес. Од 18 до 22 часот, градот беше на удар на силниот ветер, кој го поремети живеењето. Според неофицијалните информации, бидејќи во градот не се мери брзината на ветрот, тој дувал со  15м/сек или околу 55 км на час.

Информациите од надлежните служби денес зборуваат дека паднале три дрвја, но не причиниле сериозна материјална штета. Од дрво кое паднало кај средното училиште Коле Неделковски, сообраќајот бил во прекин, додека тоа не било отстрането.

Нема ниту повредени кои побрале помош во Брзата помош. Но затоа по градот летаа и паднаа лимови, керамиди, суви гранки од дрвјата.  Од јаворите  во градот, паѓале суви гранки, во центар  и на  Којнник. Затоа е среќна околност што нема повредени. Од силниот ветер скршени се прозори, кои потоа паднале на улица.

Досега не се јавил ниту еден граѓанин, поради материјална штета која ветерот му ја причинил дома. Затоа пак во  овие чети часа, велешани ги снема од градските улици или тие што излегоа беа внимателни и уплашени, да не ги погоди нешто кое силниот ветер го носеше пред себе.  

 Денес комуналците на ЈКП Дервен имаат многу работа, да се исчистат главните улици од сметот кој го создаде ветерот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »