речник контакт

Виктор Ванчевски втор на друмско, трет на хронометар во велосипедизам до 23 години

Членовите на МВР Велес постигнаа забележителни резултати на државните првенства во велосипедизам- друмско, хронометар и ридско

Петар Печков

Виктор Ванчевски  два пати се искачи на победничкиот подиум на државните првенства во велосипедизам, возрасна категорија до 23 години.

Беше втор на државното друмско првенство каде државен првак стана Александар Милошевски од  ВК - Вело-М  а  Виктор  го освои третото место на државното првенство во велосипедизам на хронометар, каде победи Лука Димитријоски од ВК Спајд бак.

Виктор Ванчевски  е член на велосипедскиот клуб МВК -Велес а возењето  друмското првенство беше во општина Илинден Скопје, додека на хронометар беше  регионалниот пат кај Стоби до Неготино.

Во оваа категорија, возење хронометар  4-ти беше Дарко Димовски а петти Тео Врондалеив исто така членови на МВК Велес. Кај сениорите 5 место на хронометар беше Христијан Ванчевски.

На државното ридско првенство во велосипедизам за сениори 5 беше Кристијан Ванчевски, 6-ти Никола Лефков од МВК Велес.Кај У-23 во истата категорија 4 беше Виктор Ванчевски а 5 Тео Ворндалиев.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »