речник контакт

Внимавајте, змиите отровници касаат

За пет дена од празничниот викенд во Велешко две лица завршија во Болница

Петар Печков

 Продолжениот  празничен викенд  во велешко се регистрирани две каснувања на змија отровница.  Според инфомрациите од велешакта Болница во првиот случај  каснато е десетгодишно дете од Долно Јаболчиште кое играло на блиската ливада. Тоа е згрижено  и неговата состојба е добра. Во вториот случај каснат е 27 годишник од Велес кој го славел Први мај покрајј реката Бабубна.  Поради карактерот на каснувањето тој е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.  

Познавачите на змиите отровници посочуваат дека нив ги има често   и во голем број во овој  пролетен период на бујна вегетација и дека е потребно  да се биде претпазлив кога се престојува во природа.  Докторите велат пак е важно што поскоро да се пушти серумот по каснувањето на змијата, кој во Заразното одделение до Болнциата  го имаат во потребните  количини. А дека змиите се присутни и во градот зборува примерот со семејство  кое живее во близина на Мегдан и кое дома во купатило пронашло жива змија отровница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »