речник контакт

Во Велес колона за поддршка на македонската полиција (фото)

Велешани им оддадоа почит и на осумте загинати полицајци

Петар Печков

Велешани попладнево со марш од Панини од Кружниот тек, дадоа поддршка за македонската полиција а на крајот и почит кон загинатите полицајци.  Организирани од повеќе граѓански здруженија од Велес, сограѓаните се одѕваа на повикот и мирно во колона со пеење на Македонската химна  и веење на македонското знаме, ја дадоа поддршката на   полицијата, а по саботниот настан и судирот со  во Куманово.

  Благодарност до сите присутни на овој спонтан собир, за поддршката што ни ај дадоа. Ова нас многу ни значи. Секако знаеме дека ја  имаме нивната поддршка, но  кога ќе видиме волкав број, тоа е голема чест за нас - изјави Роберт Павлов, полицаец при СВР Велес.  

Меѓу водачите на колоната, во првиот ред, со македонското знаме беше и поранешниот фудбалер, Панче Ќумбев.  

Се надевам дека  ова ќе бидат  последните жртви во оваа напатена земја. Пораката е една и јасна, сите сложно и заедно во подобар живот. Не сакаме да гинат  наши луѓе и наши деца.  Тие што застанаа во првите редови се нашите херои, јунаци,    и треба да ги следиме и почитуваме. Се надевам дека ќе смогнеме сила да излеземе од оваа криза и се надевам дека ова ќе последно собирање за ваков повод - рече Ќумбев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »