речник контакт

Во Велес во тек е обука за лиценцирани спасители на затворени води

На обуката учествуваат 13 лица потенцијални спасители

Петар Печков

На Градскиот базен во Велес во тек е обука  за спасители на затворени води. Секој кандидат кој успешно ќе го заврши Курсот за спасители се стекнува со Лиценца - Спасител на затворени води.

„На обуката учествуваат 13 лица потенцијални спасители. Тие теоретски и практично учат техники и методи на пливање и спасување во вода“ - кажа Петре Петрушевски меѓународен инструктор за безбедност на вода при Црвен крст и проф. по физичка култура.

Во обуката учествуваат и Националниот инструктор Илија Попов и демонстраторот Ангел Костовски. Организатор е Општинската Организација на Црвен крст Велес.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »