речник контакт

Во Велес се потрошија 1,1 илјади вакцини против грип

Вакцината против грип превентивно делува следните 12 месеци

Петар Печков

Во Центарот за јавно здравје во Велес заврши вакцинацијата против сезонскиот грип, . Таа започна на 27 октомври а заврши на 13 ноември. Во овој период, од две седмици,  се вакцинираа 1.100 граѓани од Велес, кои за тоа платија по  400 денари.

Со вакцинацијата главно беа опфатени постари лица и хронично болни, иако имаше и млади со нарушен имунитет, кои сакаа превентивно да се заштитат од болеста, изјави  Трајкова.

Вакцинацинирањето  годинава беше за заштита   против три вида грип. Годинашната вакцина содржи антигени од три видови вируси грип, од некогашниот свински грип, калифорниски и грипот присутен на  нашето подрачје лани. 

Вакцината против грип превентивно делува една година.
Центарот за јавно здравје од Велес годинава доби 3.300 вакцини против грип. Две третини од вакцините или 2.200 беа распределени во подрачните центри во Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Гевгелија, кои се во ингеренции на ЈЗУ Центарот за јавно здравје –Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »