речник контакт

Во Велес учебната година започнува на 3-ти септември

Само во некои училишта на 2-ри септември, извршен бил прием на првачиња и во прва средно

Петар Печков

Во велешките основни и средни училишта генерално се штрајкува, а во некои само се врши прием на учениците, посебно на првооделенци и оние во прва година средно, како и од повисоките одделенија и години во средно, но настава не се изведува.

Наставата денеска започна само во училиштата во велешките села Клуковец и Сливник, кои се со албански наставен јазик.

Верица Тодоровска, од службата за образование при Општина Велес информира за МИА дека, редовната настава во сите основни и средни училишта започнува утре, кога во училишните клупи треба да седнат 4.908 основци во Велес и велешко меѓу кои и 436 те првачиња и 2077 средношколци.

Велешките основни средни училишта се комплетно подготвени за започнување на утрешната редовна наставата, информира Тодоровска.

Веста е преземена од Македонската Информативна Агенција МИА 

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »