речник контакт

Во Горно Оризари асфалтирани три улици, со сопствени средства на жителите

Инвестицијата е во вредност од 48.200 евра собрани средства од граѓаните на Оризари кои живеат во Македонија и странство

Петар Печков

Во населбата Горно Оризари деновиве се асфалтирани се три улици во должина од 800 метри, а  во вкупна квадратура 4076,6 метри квадратни. Инвестицијата е во вредност од  48.200 евра  собрани средства од граѓаните на Оризари кои живеат во Македонија  и странство.

„Проектот  го реализира Месната Заедница со потрошени 48.200 евра, парични средства собрани од жителите на Горно Оризари и нивни сожители во дијаспората и со работна рака и ангажирање на жителите од селото. Досега околу 100.000 евра се имаат вложено во нови патишта во селото од самите жители“  - велат од МЗ.

Горно Оризари е најголемото населено место во Македонија во кое живее бошњачката заедница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »