речник контакт

Во Македонија се кршат правата на маргинализираните групи

Лани евидентирани четириесетина случаи на кршење на сексуалните и здравствените права на сексуалните работници, на лицата зависници од дрога, заразените од ХИВ/СИДА и на ЛГБТ лицата

Петар Печков

Околу 40 случаи на кршење на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи евидентирала Коалицијата „За сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници“ за време на едногодишен процес на мониторирање.

На денешната прес-конференција на Коалицијата на која беше објавен Годишниот извештај за ситуацијата со сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи беше посочено дека се откриени 14 случаи на дискриминација врз корисниците на дрога, 11 случаи на дискриминација врз сексуалните работници/чки, еден случај на дискриминација врз ЛГБТ (лејзбејки, гејеви, бисексуалци и трансродни лица) и два случаи на дискриминација на лица кои живеат со ХИВ/СИДА.

Евидентирани се 11 случаи на насилство врз сексуални работници, три случаи на насилство врз ЛГБТ-лицата и два случаи на лица кои живеат со ХИВ/СИДА.

Исто така документирани се шест случаи на неукажување на здравствена заштита на сексуални работници, како и два случаи на неукажување на здравствена заштита на лица кои живеат со ХИВ/СИДА

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »