речник контакт

Во велешко нема нов случај на ковид-19 изминатите 24 часа

Во трите ковид одделенија од велешка Болница, вкупно се хоспитализирани 54 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека изминатите 24 часа, неделата, во велешко не е регистриран нов случај на лица позитивни на ковид-19. Затоа пак има  23 оздравени. По ова бројот на активни случаи падна на  309.


Во трите ковид одделенија од велешка Болница, вкупно се хоспитализирани  54 пациенти, од нив 30 биле вакцинирани со една или две дози.

„Од вкупниот број   49 се потврдени позитивни, непотврдени се двајца   и тројца  пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко  лекување. Во текот на денот испишан е еден пациент со еден негативен тест а како нов случај е примено едно лице..  На кислородна поддршка се 30 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, новиот портпарол на велешка Болница. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »