речник контакт

Во вториот уписен рок во четирите велешки средни училишта запишани се вкупно 61 ученик

Досега во прва година во средните во градов има запишано 433 ученици а имаше 1.011 слобдни места

Петар Печков

На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес ги соопшти бројките на запишани ученици во прва година во четирите средни училишта во Велес.

Во Гимназијата запишани се пет нови   или вкупно 108   ученика,   настава на македонски јазик ќе следат 94,  од нив во албанската паралелка  има 14.

Во Коле Неделковски  запишани се нови 28  или севкупно  197, во Димитрија Чуповски  ново запишани се  27 или севкупно   117  а во економското Јовче Тесличков запишан е еден нов или вкупно 11 ученици. 

Досега, по двата уписни рока,  во прва година во средните во градов има запишано  433 ученици, толку колку што завршија деветто одделенци од општина Велес. Вкупно слкбодни емста имаше 1.011.

Од поширокиот регион, заедно со општините Градско, Лозово и Чашка има завршено 590 основци. 

Вторито уписен рок беше спроведен на 24-ти и 25-ти јуни а третиот на 29-ти јуни, понеделник. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »