речник контакт

Во вториот уписен рок запишани уште 144 ученика во прва година средно

Има и трет рок, на крајот од август, слободни има 400 места

Петар Печков

Во првите два дена од јули беше вториот уписен рок за завршените осмо одделенци.  Најмногу дури 60 се запишаа во Коле Неделковски и со 181 запишан во првиот круг има  241 запишан ученик. Слободени места има уште 100 во сите струки и смерови во ова училиште. Во Хемиското Димитрија Чуповски се запишаа 53 во вториот круг со што се пополнија  фармација, физио -терапевт и козметичар. Претходно беше пополнет класот за  медицинската сестра. Во ова училиште има слободни  100 места во останатите струки во прва година. 

Во Гимназијата се пополнија десет места  во македонските паралелки и 8 во албанската.  Тука има уште стотина слободни места во македонските паралелки и   десет во албанската. Во економското училиште Јовче Тесличков во вториот круг се запишаа  15 ученици со што вкупниот број е 120 и има уште 80 слободни места. 

Пријавувањето и запишување на учениците во августовскиот рок  ќе се изврши на 22 август. Средното образование е задолжително. Се очекува да има прилив на одреден број ученици, кои беа одбиени во вториот уписен рок, поради недоволниот број на поени за упис во прва година. Во четирите средни училишта во Велес имаше 1120 слободни места за 529 завршени осмо одделенци.

Во второто пријавување од првиот уписен рок во јавните средни училишта во Македонија  за учебната  2013/2014 година, на 1-ви и 2 јули, се запишале 6.499  ученици и со нив вкупниот број запишани ученици во двете пријавувања во јунскиот рок е 16.999, информираше Министерството за образование и наука.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »