речник контакт

Во која држава е најдобро да се родиш во 2013 година

Поговорката вели роди ме мајко со ксмет и оставиме

Петар Печков

Швајцарија е најдобро место на светот за бебињата кои ќе дојдат на свет во 2013 година. Таа максимално ги задоволува критериумите кои се важни за богат, здрав, среќен и просперитетен живот следните годиини.

Високото ниво на социјална политика, високата здравствена заштита, ниската стапка на криминал, токму поради сето тоа довербата на граѓаните во јавните институции и го обезбедија на Швајцарија првото место на скалата од дури 80 земји.

Меѓу првите пет најпосакувани земји за живот се наоѓаат трите скандинавски земји Норвешка, Шведска и Данска, бидејќи критериумите кои се земени предвид, погодуваат токму на тие држави кои не само што се богати и стабилни, туку во нив се развиени институциите кои се грижат за здравствената и социјална помош на граѓаните.

Пад на американскиот сон

Скалата ја подготви Economist Intellegence Unit (ЕИУ), сестринска компанија на угледното списание The Economist, кое сакаше да истражи која земја ќе пружи најквалитетен живот на бебињата кои ќе се родат во 2013 година. Меѓу првите десет земји на второ место е Австралија, Сингапур доаѓа по трите скандинавски земји, потоа е Нов Зеланд, кој со разни бенефиции последните десет години привлекува многу млади луѓе, следат Холандија, Канада и Хонг Конг.

Хрватска се наоѓа на средина на скалата, на 46 место, Словенија е десет места пред неа, а Србија е десет места зад Хрватска.

Развиените земји кои во слични истражувања биле високо на скалата, сега паднаа. Шестанесеттото место го делат САД и Германија, Франција е на 26 место, а Велика Британија на 27 место.

Во истражувањето индексот ги комбинира резултатите на субјективните анкети за задоволството на животот со објективните показатели за квалитетот на животот во некои земји. Еден од најважните фактори е богатството, но и други фактори како стапката на криминал, довербата во јавните институции и здравјето на семејниот живот. Индексот зема предвид 11 показатели, меѓу кои се постојаните фактори како географијата, положбата на земјите, како и тие кои полека се менуваат со времето како што се демографските параметри, социјалните и културните карактеристики и состојбата на стопанствата. Го споредија индексот на квалитетот на животот со резултатите на личното доживување на среќата. Индексот ја уважува и проценката колкав ќе биде доходот по глава на жител во 2030 година, во време кога децата родени во 2013 година ќе станат возрасни.

Тука сме каде што и припаѓаме

Професорката Власта Илишин од Институтот за општествени истражувања вели дека врвот на скалата е предвидлив и уверлив, а некои земји во средината ја изненадиле, но тој дел е најподложен на промени, зависи од тоа кој критериум ќе преовладее.

Скандинавските земји, Австралија, Канада, Нов Зеланд, целосно се очекувани. Америка на 16 место е многу високо со оглед на критериумите кои се водеа во истражувањето. Веројатно на тоа влијаеше здравствената реформа на Обама, бидејќи кај нив тој сегмент е многу проблематичен, како и стапката на криминал и социјалната нечувствителност. Веројатно поради тоа и Британија е на 27 место и тоа го сметам за реално. Со оглед на својата положба и состојбата, Израел е на пример малку високо. А Хрватска е во средина, мислам дека тука и припаѓа - ја коментира скалата проф. Илишин.

Таа истакнува дека тешко може да се прогнозира што ќе биде во 2030 и каква ќе биде состојбата тогаш во некоја земја.

Така најдовме истражување од пред 24 години од 1988, кога на прво место била Америка, следеле Германија, Франција, Италија... Денес тие земји ги нема ни меѓу првите 15.

Поднебјето повеќе не игра улога

Иако меѓу првите десет земји половината од нив се европски, заостануваат државите од југот на Европа кои се погодени од кризата како Грција, Португалија и Шпанија, наспроти предностите од поволната клима, а во средина се и земјите на источна Европа. Наспроти економската динамика, ниту една земја од БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина) нема импресивен резултат, а на самиот крај се Сирија, Пакистан, Бангладеж, Украина, Кенија и последна е Нигерија.

 тексто е преземен од Јутарњи лист - Загреб

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »