речник контакт

Во провалија пронајден исчезнатиот Чонтев

Настрадал во сообраќајка, излетал со автомобилот од автопат

Петар Печков

Потполковникот на АРМ  Робертино Чонтев (45 год)  по осум дена потраги е пронајден  мртов. Неговото траело е пронајдено десетина метри подалеку од автомобилот марка ,,рено 9,, со кој излетал од автопатот.   Ова го потврдија блиски од семејството, чија потрага заврши во  понеделникот наутро. Тие во  8 часот, во тешко достапен терен, го пронашле во амбис автомобилот, после вториот паркинг од тунелот кај Катланово, на делницата од автопатот Скопје – Велес.  

Откако неколку дена немаше траг ниту глас од Робертино но ниту некој преземаше нешто да го пронајде, другарите решија сами да го побараат. Автомобил како што имаше тој, металик боја беше пронајден  во провалија на автопат Велес – Скопје. На десетина метри од него беше телото на Робертино. Тоа ни го потврдија неговите другари  – вели близок член на семејството. Телото било во фаза на распаѓање. Од МВР потврдија  дека е пројаден и автомобилот и Чонтев.

Случена е сообраќајна незгода  кога автомобил управуван од Р.Ч.  излетал надвор од коловозот  и се превртел во провалијата покрај автопатот. Во незгодата истиот од здобиените повреди починал на самото место. Починатиот возач претходно  бил пријавен за исчезнат – велат од МВР. Јавен

Обвинител дал наредба за обдукција на телото, за да се откријат причините за смртта а автомобилот ќе оди на технички  преглед.   Робертино Чонтев  (45 год), вработен како потполковник во АРМ се водеше како исчезнат од 24 јули, кога заминал од неговиот дом во 10 часот. Случајот во МВР  го пријавила неговата сопруга. 

 Робертино Чонтев ќе биде  погребан, в четврток  во 13ч. на гробиштата во Раштани. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »