речник контакт

Во храмот Св. Пантелејмон промовирана монографијата за соборните храмови во земјава

Меѓу 14-те пишани храмови со многу документи, факти и фотографии е и велешкиот Св. Пантелејмон

Петар Печков

Точно на пладне во црквата Св. Пантелејмон во Велес се одржа промоцијата на колор -монографијата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“ од проф. д-р Димитар Ќорнаков. Тој е   долгогодишен истражувач на богатото културно наследство во земјава,  Ова капитално дело е во издание на матица Македонска.

Соборните храмови во Македонија од времето на Преродбата, заземаат значајно место во културната историја на Македонија. Тие се споменици на културата со извонредни историско-уметнички вредности, исполнети со богати содржини: архитектура, фрескоживопис, иконопис и резбарски дела. Затоа заслужуваат да бидат  зачувани записите за нив на едно место, во ова капитално дело на Ќорнаков – рече Раде Силјан од издавачот ,,Матица Македонска,, .

Димитар Ќорнаков е автор на повеќе монографски дела за културното наследство во македонските манастири. За своето творештво е добитник на голем број општествени признанија и награди, а во 2008 година му беше доделена наградата „Св. Климент Охридски“ за животно дело.
За време на преродбата, во подобри услови за христијанството, народот со голем ентузијазам и преродбенците, резбари зографи,  градители се вклучија во  обнова на црквите. Тие беа мали во рушевини, кои не можеле да примат голем број народ. Во тоа време на преродба, со изградба на овие храмови, гледате колку се пространи, широки, со тремови со убави балкони, галерии. Сакав да бидат афирмирани овие творци – рече авторот Ќорнаков.

Оваа монографија има историско значење за МПЦ, за македонската држава. Авторот вложил голем труд и со голем број фотографии ги доближува до јавноста. Кога биле градени храмовите, народот наш, повеќето биле неписмени. Затоа преку иконите и фреските им била сликовно приближувана Библијата.  Треба да се гордееме на предците, посебно на Дамјанов кој се потрудил да направи место кое го немаат и многу побогати и помоќни – рече владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија при МПЦ- ОА.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »