речник контакт

Воз удри во автомобил, еден починат

По железничката несреќа кај Дуброво, железничкиот сообраќај од Велес за Гевгелија и обратно беше во прекин 5 часа

Петар Печков

Петокот  попладне,  околу 18,00 часот на делот од пругата помеѓу Железничка Станица -Дуброво и Железничка  Станица  Демир Капија се случила несреќа, во која има еден починат.

Според МВР   несреќата е случила  на отворена пруга во непосредна близина на ЖС Дуброво на 500м на вториот влезен сигнал на патниот премин. Патничкиот воз бр.634 кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, управуван од машиновозачот Р.С. удрил во   автомобил  „рено канго“ со неготински регистарски ознаки управувано од З.А.( 46 год) од село Прждево – Демир Капија.

Возачот   од здобиените тешки телесни повреди, починал на местото на настанот, констатирале докторите на итната помош.

Судирот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници -транспорт Кире Диманоски, кој потенцира дека тоа се случило на обележан патен премин. Сообраќајот  на делницата  Велес  -  Гевгелија бил во прекин до 23.10 часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »