речник контакт

Воз усмрти два коња кои биле на кочанска пруга

Едниот од нив паднал врз автомобил и го оштетил. Од ,,Гласот на животните,, бараат да се казнат сопствениците, поради негиржа кон коњите

Петар Печков

Вчера попладне, патнички воз удрил во два коња кои биле на пините да шетаат  и ги усмртил. Несреќата се случила во центарот на Велес, на кочанска пруга близу Галаријата.  Возот го продолжил патувањето а на  машината немало сериозни оштетувања. Но затоа материјална штета има кај  автомобил, кој минувал по блиската улица а врз кого паднал еден од  коњите.     

Вторникот попладне во 17,45 часот во СВР  Велес  Д.В.(63) од Велес пријавил железничка незгода. Истата се  случила  на железничката пруга Велес-Кочани на 100 метри пред  Железниот мост. Возот број 651 кој сообраќал на релација Скопје-Кочани, удрил во два коња, сопственост на непознато лице, кои се движеле по пругата.  Од ударот едниот коњ паднал врз патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(52) од Велес и го оштетил возилото - изјавија од МВР.

Екипи на комуналното претпријатие од Велес, ги подигнале мртвите коњи и тие се префрлени на  градската депонија, каде ќе бидат погребани согласно законските  прописи.  

Од Здружението за заштита на животните  ,,Анималс војс,, од Велес бараат полицијата да открие чија сопственост се коњите, кои поради негрижа на сопственикот биле оставени  на пругата и усмртени. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »