речник контакт

Возови, бродови, пруга, езеро

Јавна расправа по идејата над Башино село да се гради брана, создава езеро, поместува пругата Скопје - Велес

Петар Печков

Минатата седмица во просториите на општина Велес се одржаа консултации со јавноста и засегнатите страни за подготовката на проектанта документација за  поместување на железничка пруга Драчево – Велес. Можеби насловот е долг и неинтересен, здодевен но факт е  дека се започнати активностите за дислокација на пругата, која би се случила еден ден по 2030-тата година.

Имено според пројавениот интерес на кинезите за проектот ,,Вардарска долина,, тие предвидуваат, планираат изградба на брана и акумулација  на реката Вардар над Башино село. Поради ова  пругата на овој дел, како што е сега поставена ќе биде неупотреблива.

Затоа на  расправата биле предложени три можни решенија и нивното еколошко влијание врз средината, бидејќи во оваа фаза тоа е основата задача на проектот. Консултантска куќа од Скопје како можни понудила три решенија. Првото е постојната траса, со тоа што пругата би минела низ многу тунели и би се кренала нешто повисоко. Второто решение е  далеку повисоко на истата  страна со тоа што пругата би била права ( како пушка) и би можела да развива брзина до 160 км/ час. Третото решение е кај Зелениково да премине на другата страна од Вардар и да оди напоредно со автопатот, но на релација Велес – Скопје, со таа делница.  

На оваа средба биле присутни претставници од ЈП Македонски железници инфраструктура, од МЕПСО, општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »