речник контакт

Вонредно дезинфицирање на дел од улиците во Велес

Се врши и дезинфекција на контејнерите за смет. Ова се превентивни мерки за заштита од ширење на корона вирусот

Петар Печков

ЈКП  „Дервен” започна со  вонредно миење, односно дезинфицирање на дел од улиците во градот а се врши и дезинфекција на контејнерите за смет.  Ова се дел од превентивните  мерките кои ги презема локалана власт   за заштита од ширење на корона вирусот и обезбедување почисти улици и населби.

Миењето е извршено со средство за дезинфицирање на улиците во централното градско подрачје, во ниските зони на градот, на пристапот до ЈЗУ Општа болница Велес, на пристапот до Којник, пристапот до железничката станица, меѓуградската автобуска станица и индустрискиот дел на градот - информираа од локалната власт.  

Активностите продолжуваат со дезинфекција на контејнерите за смет и расчистување на простори со отпад од непознат сторител  - т.н. диви депонии. Од денес започнува редовното миење на улиците во општината согласно програмата за јавна чистота за 2020 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »