речник контакт

Вчера 61 лице казнето оти не носеле заштитна маска

Во изолација и самоизолација во велешко има 128 лица. Во државен кратнин се шест велешани повратници од странство

Петар Печков

Во вчерашното деноноќие  има 13 ново регистрирани лица со Решениe за изолација а со Изјава за самоизолација има 15 во велешко, информираа од СВР Велес. Така вкупно со Решение во изолација има  71 (вчера беа 64)  а со Изјава за самоизолација има вкупно 57 ( вчера 52)  во велешко.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки- соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
           
Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 61  поединец во Велес( вчера беа казнети 45 лица). Паричната казна за тоа е 20 евра а ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »