речник контакт

Генерација и екипа за паметење, но без резултат и без спонзор

Петмина ракометни репрезентативци имаше Борец од 1997-та

Петар Печков

На оваа фотографија на РК Борец, од 1997-та година дури петмина подоцна биле репрезентативци, некои сениорски, други младински. 

Влатко Темелков, Горјан Анастасовски и Виктор Гигов заиграа во сениорската репрезентација, додека Игор Тодоровски и Димче Климкаров беа младински репрезентативци. Што ли ќе беше ако оваа екипа на Борец имаше спонзор, некој да ја финансира, до каде ли ќе стигнеа, е прашањето кое си го поставуваат велешките љубители не ракометот.

Затоа што со останати членови на екипата некои помлади, други поискусни сигурно ќе оставеа силен белег во македонскиот ракомет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »