речник контакт

Гигов пак подобар од Мисовски во македонското дерби во Турција

Мерсин го победи Једитепе 36:26

Петар Печков

Во саботата во Мерсин се одигра дербито меѓу македонските интернационалци во Турција. Екипата на велешаните голманот  Виктор Гигов и бекот Ивица Лазаревски супериорна и ја победи Једитепе каде брани Петар Мисовски со 36:26.

Голманот Гигов со успешните интервенции е најголемиот виновник за оваа голема победа. За потсетување турскиот прволигаш каде играат двајца велешани победи и во првиот есенскиот натпревар.

Во претходните две кола Мерсин забележа победа на гостувањето  во Анталија каде настапува Славиша Димитриевски со 32:27. Мерсин победи и дома  екипата на Чанкаја со 32:31. Мерсин по 20 кола е осми со девет победи, во лигата која брои 13 екипи. 

Ова е втора успешна сезона  за Гигов  во Мерсин, Турција и интерес за него јавиле други клубови од оваа земја но и од Романија и Израел.  Гигов вели дека е рано за било каква одлука и сега  со соиграчите се насочени кон  разигрувањето  каде учествуваат првите осум екипи. Имаат и настап во четвртфиналето на Купот на Турција каде играат со  екипата на Анкара.

Претстојниот викенд Гигов и Лазаревски за Мерсин играат  во првенство против Трабзон кој е десетти и сака да игра во плеј  офот, но велешани најавуваат дека и од таму ќе се вратат непоразени и ќе ја продолжат серијата  натпревари кога победуваа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »