речник контакт

Гостиварци излетале од автопат, еден заврши на Клинички

Двете лица минале со контузии а третиот со повреди на главата

Петар Печков

Вторникот попладне, околу 19 ч.  на автопатот Градско- Скопје, близу приклучокот за Велес се случи сообраќајна незгода. Автомобил излетал од автопатот, три лица се префрлени во велешка Болница а еден поради тежината на повредите е пренесен на Клинички во Скопје.

На 23-ти јули  околу 19  часот кај приклучокот на автопатот од Велес за Скопје, се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски броеви управуван од Т.З.(23) од Гостивар излетало надвор од коловозот и се превртело. При тоа   со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.С.(24) - информираа од СВР Велес. 

Увидот кој го направила сообраќајната полиција, ќе треба да ги открие причините за сообраќајката. Од ЈЗУ Општа Болница Велес  кажаа дека кај нив околу 19,30  со две амбуланти коли на Брзата помош биле донесени три повредени лица.

Кај повредените Т.З. и С.П. се констатирани контузии и се задржани на следење. Додека кај повредениот И.С. со компјутерска томографија констартирани се повреди, поради кои е префрлен на  Клиника за Неврохриругија во Скопје - соопштија од ЈЗУ Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »