речник контакт

Градоначалникот за можниот криминал ќе го информира обвинителството, јавно нема да зборува

Коцевски објаснува дека ќе го почитува принципот на невиност и не сака да биде популист

Петар Печков

Градоначалникот на Велес, Аце  Коцевски нема повеќе да дава информации за   можен криминал, кој се случувал во Општина Велес.  Тој на денешната прес конференција, најави дека се што има, ќе доставува до ОЈО Велес, кое ќе одлучува за натамошната постапка.    

Јавноста очекува  да слушне, дека сум поднел  многу кривични пријави за тоа што сум информирал досега а се однсесува на работа во општината. Се одлучив да  постапувам поинаку, поаѓајќи од принципот  на невиност, да не поднесувам кривични пријави,  туку  за се што ќе утврдам незаконито работење во локалната власт, да поднесам информација до надлежните инстутиции пред се Основното Јавно обвинителство Велес. Тие  нека утврдат дали има кривична одговорност или нема и потоа да покренуваат соодветни постапки.  Не сакам да бидам популист, собирам поени и ги валкам имињата, се додека надлежните не утврдат дека некој не работел незаконски.  Нема да сокријам  ништо, се ќе доставама до надлежните па тие нека одлучат има или нема  елементи за кривично гонење - рече Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »