речник контакт

Д-р Трајков ја претстави програмата за втор мандат претседател на велешки Црвен крст

Сигурен сум дека ќе одговориме на сите предизвици најави пред делегатите Трајков

Петар Печков

Доктор Милчо Трајков  преку  јавен  настап  ја претстави неговата кандидатура  за втор мандат за претседател на Општинската организација на Црвен Крст Велес.  Ова е новина во работата на Републичкиот Црвен крст. 

Треба да продолжиме со тоа што го  работиме но верувам дека ќе бидеме соочени со нови предизвици.  Ќе се обидеме со тимот со кој работам, да привлечеме волонтери на возраст од 18  до 50 години, оти имаме недостаток на членство од оваа популација.  Продолжуваме со     здравствено превентивна, социјално –хуманитарна дејност, прва помош, работа со  млади. Тоа се повеќе сегменти и не` очекува напорен период, не бурен. Во нашата мисија е и помош при катастрофи  и се  надевам дека  нема да бидеме доведени во ситуација да помагаме при земјотрес, поплави.Сигурен сум дека ќе одговориме на сите предизвици – изјави Трајков.

Тој својата програма ја  претстави за наредниот четиригодишен  мандатен  период 2017 - 2021 година, пред општинските делегати.   Тој бил единствен кандидат кој  се пријавил за оваа функција. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »