речник контакт

ДИК - Стојановски со нов мандат во Чашка, Лозово со нов градоначалник - Цветковски

Во Росоман и Демир Капија, рекордна излезеност, над 80 отсто

Петар Печков

Според официјалните а не и конечни резултати од вториот круг за градоначалник, во двете соседни општини Лозово и Чашка, Државната изборна комисија објави дека во Лозово има нов градоначалник-  додека во Чашка, досегашниот Горан Стојановски од СДСМ доби уште еден мандат.  Партиите и кандидатите  имаат право на приговор.

Во Општина Чашка Горан Стојановски од СДСМ освои 2.327 гласови или  56,07% додека вториот кандидат Суат Шаќиров  од ДУИ има освоено  1.734 гласови или  41,78%. Во оваа општина вчера од запишани 6.171 гласач, на 31 избирачко место  излегле 4.150 што е 67,25 отсто, неважечки се 89 гласачки ливчиња. Стојановски освои по стотина и повеќе гласови во секое од трите избирачки места во Долно и Горно Јаболчиште. Победи во Мелница,  Горно Врановци.

Во Општина Лозово  Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ  освои 783 гласа или  49,94% додека вториот кандидат Ацо Велковски од СДСМ  има освоено  744 гласови или  47,45%. Во оваа општина вчера од запишани 1.984  гласачи, на 9  избирачки места  излегле 1.568 што е 79,03 отсто, неважечко е 41 гласачко ливче.

Во две општини од централниот Вардарски регион имаше највисок  одѕив во земјава, над 80 отсто- Росоман и Демир Капија.

Во Росоман победи кандидатот на СДСМ Стоја Николов со 1.471 освоени гласови или 53,65% додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ  Тихомир Николов освои  1.215 гласови или 44,31%. Во оваа општина на 10 избирачки места  излезеноста беше 82,02% или од 3.343 гласачи излегле 2.742 и има 56 неважечки гласачки ливчиња.

Во Демир Капија победи исто така кандидат на СДСМ- Лазо Петров со  1.323 или 49,83%, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ  Андон Донев има 1.287 гласа или 48,47%.  Во оваа општина на 11 избирачки места  излезеноста беше 81,69% или од 3.250 гласачи излегле 2.655 и има 45 неважечки гласачки ливчиња.

 Во сите овие четири општини податоците се од 100 отсто обработени гласачки места.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »