речник контакт

Дали пешаците го користат пешачкиот премин

За шест часа осум пешака не минале на пешачки премин во Велес. А колкумина тоа го сториле во Скопје, Тетово, Струмица, Штип, Гостивар

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, шест часа траела сообраќајна контрола на полицијата, колку пешаците минат на обележан пешачки премин.

Понеделникот 28 октомври  во периодот од 8 до 14  часот на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на пешаци, кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле откриени 25 прекршоци, од кои осум во Велес, четири во Кавадарци и 13 во Неготино - информираа од МВР. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.

Вчера ваква акција изведена е и во повеќе македонски града, при што во Скопје биле констатирани 11 прекршока, Струмица 18, Штип 21, во Тетово 18 , во Гостивар  7 лица не ја минувале улицата на обележан пешачки премин.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »