речник контакт

Двајца велешани украле пола тон бакар

Од поранешната фабрика за вештачко ѓубре, двајцата осомничени украле 500 кг бакар

Петар Печков



СВР Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе Кривична пријава против К.Б. (27) од Велес и И.Н. (35) од Велес, поради основано сомнение дека заедно сториле едно кривично дело  тешка кражба.


Во почетокот на месец март  годинава осомничените дошле до фабриката ХИВ,  сопственост на фирмата „Метрудхем“ ДООЕЛ Скопје, лоцирана во село Згрополци во Велес, со клешта ја пресекле оградата од бодликава жица и влегле во кругот на фабриката. Од еден од погоните со помош на бонсек отсекле бакарен кабел со разни димензии во количина од околу 500кг. , по што без да бидат забележани од никого го напуштиле местото и со такси возило ги однеле каблите во куќата на првопријавениот. Во куќата потоа го чистеле бакарот со намера подоцна да го продадат во некој од отпадите.

Со наведеното дело пријавените и нанеле на фирмата „Метрудхем“ ДООЕЛ Скопје материјална штета во висина од    740 000 денари.

Од страна на полициски службеници од СВР Велес од куќата на првопријавениот одземени се 500кг. бакар (чист бакар и во форма на кабли) , како и предметите со кои е извршено кривичното дело .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »