речник контакт

Двајца велешки полицајци казнети за учество во скриена камера

Дисциплинската комисија на МВР ги казнила шест месеци по 15 од платата

Петар Печков

Двајцата велешки полицајци кои пролетва  учествуваа во скриена камера, ,,запросување,,  се парично казнети, соопштија од МВР.  Дицсиплинците утврдиле дека нивните колеги  работеле надвор од правилникот  на МВР по што ги удири  по џеб М.Н. и Џ. Д. Тие имаат потенки плати шест месеци по 15 отсто.  

Скриената камера од март годинава беше со главна ролја на штипјанец кој ја побара за сопруга велешанка, со помош   на полицијата а клипот   предизвика многу реакции. Помладите го  подржуваа и за нив таа беше интересна, додека за даночните обврзници  од чии средства се финансира полицијата  негодуваа. Дека во случајот има нешто спорно зборува и што видео клипот  беше брзо симнат од Ју тјуб и недостапен. 

Момчето  ја побара за сопруга вечер  пред Прочка, кога тие оделе  на маскенбал. При тоа додека тој со неговиот автомобил возеше низ градот, од кај фонтаната кај Авона до пред Судот, во потера по него со вклучени ротациони светла беше едно полициско возило јети и едно полициско комбе.
Откако беше фатен во ,,сендвич,, и не можеше повеќе да вози или ,,бега,,, по препорака на централата возачот беше детално претресен оти,, бил сомнителен  и може да носи огнено оружје,,.  Тогаш кај него беше пронајден венчален прстен, по што  тој клекна ја побара за сопруга девојката, таа вџашена рече ,,да,,. Така заврши скриената камера а двајцата полицајци учесници во скриената камера се парично казнети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »