речник контакт

Двајца жители на Градско краделе делови од тенк

Тенкот бил на Криволак и служел за мета за гаѓање

Петар Печков

Б.М. ( 33 год) и Р.М. ( 23 год) од Градско  се фатени како крадат делови од тенк Т-55 од воениот полигон Криволак. На 12 мај  годинава полицијата ги фатила на влезот во населбата како во запрежна кола носат  делови од тенк кои претходно ги украле. 

Тие со две коњски запреги заминале за армискиот полигон Криволак, во место викано Дурлук од каде од поставениот тенк Т-55 кој служел како мета на стрелиштето за изведување на боеви гаѓања, го отуѓиле менувачот и  една метална  врата. 

СВР  Велес  за ова поднесе кривична пријава против двете лица за ”Kражба“ оти го  оштетиле воениот полигон  Криволак. Тие во полиција  се бранеле дека се невработени и за да обезбедат средства за егзистенција се занимаваат со собирање на старо железо на територијата на општина Градско. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »