речник контакт

Двајца жители на Чашка го ограбиле мотелот во Горно Врановци

Тие однеле метални предмети во вредност од 210 илјади денари

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе Кривична пријава против лицата С.Ј. (33) и Р.Ј (38) и двајцата од општина Чашка,  поради основи за сомнение дека во почетокот на месец февруари  годинава заедно сториле  кривично дело  „Тешка кражба“  со што на општина Чашка и нанеле материјална штета од 210.000,00 денари.

Осомничените кои се невработени,  делото го сториле за да обезбедат средства за егзистенција, се занимавале со собирање на старо железо на територијата на општина Чашка.  Во почетокот на месец февруари  влегле во кругот на хотел Врановци лоциран во село Горно Врановци, знаејќи дека во истиот нема стражарско чуварска служба. Го скршиле стаклото  на прозорецот од котларата  влегле внатре и со кршење и вадење откраднале дваесет  метални предмети.

Потоа С.Ј. и Р.Ј. влегле во хотелот, со кршење на стакло  од прозорецот и по извршено пребарување од главната сала откраднале електрични мотори, делови за ладење, бакарни цевки од фрижидерите.  Предметите ги сокриле кај еден од крадците. На 13-ти февруари  годинава дел од украдените рпедмети продале на лице од Велес за сума од 10 илјади денари. 

Биле откриени при  транспорт  на дел од украдените работи, кога полицијата го сопрела нивното товарно возило  Там и  биле пронајдени отуѓените предмети. За ова нивно дејствие двајцата крадци заработија кривични пријави за тешка кражба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »