речник контакт

Двајца независни кандидати за градоначалник собраа потписи во Чашка и Градско

Има и независна листа за Совет, за Општина Градско

Петар Печков

До вчера (понеделник)  до полноќ беше рокот кога независните кандидати имаа можност да собираат потписи за градоначалник и за советници.

На територијата на Државвата изборна Комисија ДИК за општина Велес, имало две лица кои се пријавиле и ги собрале неопходнтеи потписи.  Како што дознава  ТрМр во Општина Градско е Григур Коцев, кој до пред 4 години три мандати беше градоначалник на Градско. Тука има  пријавено и  независна листа на  кандидати за советници предводена од Иванчо Иванов. 

Во Општина Чашка потребните  потписи за независен кандидат за градоначалник ги собрал Исмет  Латифи. Во овие две општини, Чашка и Градско потребни се за поддршка на кандидатурите cо потписи од најмалку 100  лица.   

Според ДИК тие треба овие собрани потписи да ги достават  до  нив, каде ќе бидат верификувани со што ќе можат и официјално да учествуваат во изборната трка за локалните избори, закажани  за 15 октомври  2017-та година.  За градоначалник  на Велес, двете најголеми  партии веќе ги  утврдија нивните  кандидати: за ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев и за СДСМ Аце Коцевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »