речник контакт

Двајца прилепчани заедно добија 4, 3 години затвор за еден кг марихуана

Абдиоски (31 год) и Џелилоски (31 год) од село Житоше –прилепско го признале делото и се спогодиле со обвинителството

Петар Печков

Двајца прилепчани добија вкупно  4 години и 3 месеци затвор откако беа фатени со еден килограм марихуана. Тие се спогодиле со велешкото обвинителство по што судија од Основен суд Велес им ги потврдил казните.

Рамазан Абдиоски (31 год) доби две и пол години затвор додека Фатон Џелилоски (31 год)   од село Житоше –прилепско,  една година и десет месеци затвор за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,,

Според обвинението  двајцата жители на село Житоше, општина Долнени -прилепско, биле откриени на 31 март, ноќта петокот кон саботата, во два часот по полноќ, кај бензинската кај село Дреново.   

Во патнички автомобил марка „Југо“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Џелилоски  и сопатник  Абдиоски пронајдена е најлонска кеса со околу еден килограм сува растителна материја, која по вештачењето е констатирано дека е марихуана. Автомобилот им е одземен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »